Илир Мета: Црна Гора е одличен партнер на Албанците
Албанскиот државен врв и опозицијата ја поздравија заедничката изјава на претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, со која го повикаа косовскиот парламент да го ратификува договорот за демаркација на границата меѓу двете земји.
– Црна Гора е одличен партнер на Албанците. Усвојувањето на демаркацијата ќе донесе европска пролет за Косово и неговите граѓани, оцени шефот на албанската држава,Илир Мета.
Премиерот Еди Рама изјавата ја смета за многу значаен чекор кон финализирањето на демаркацијата на границата.
– Посакувам ова прашање да биде заокружено што побрзо, напиша Рама на својот профил на Фејсбук.
Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија,Љуљзим Баша, поздравувајќи го постигнатиот договор искажува убеденост дека гласањето во парламентот „ја заслужува потребната оценка од европските институции“ и ќе ги забрза чекорите на Косово кон европската интеграција.