Илир Мета во посета на Битола

Претседателот на Албанија Илир Мета беше денеска општина Битола, каде што, придружуван од градоначалничката Наташа Петровска, го посети Музејот на Албанската азбука.

Мета потсети на големото историско значење на Битола, а исто така изрази верување дека во идниот период соработката помеѓу двете држави ќе се зголемува, како на локално, така и на централно ниво.

„Исклучителна чест е за мене како претседател на Албанија да ја посетам Битола и да изразам задоволство што се наоѓам на едно свето место за Албанците, каде било да живеат тие, место каде што нашите најумни и најхрабри патриоти, 109 години порано, го направија унифицирањето на албанската азбука. Битолскиот Конгрес е исклучително важен настан, бидејќи ја забрза процедурата за следниот уште поважен настан – прогласувањето на независноста на Албанија“, рече Мета.
Тој рече дека се надева дека Македонија и Албанија се во нова ера на одлични меѓуетнички односи внатре во Македонија и на одлични односи помеѓу граѓаните и двете држави, од двете страни на границата. Мета ја покани Петровска да ја посети Албанија.
„Во оваа прилика сакам да им го честитам на сите Албанци каде и да се наоѓаат во светот – Денот на Албанската азбука. Ова е само потврда дека Битола отсекогаш бил културен, образовен, економски центар, значаен центар од секаков аспект. Со мојот почитуван гостин, денес разговаравме меѓудругото за најразличните форми на соработка во следниот период кои се однесуваат и на образованието, туризмот, економијата. Тоа е во интерес на двете страни во градењето и продлабочувањето на меѓусебната соработка. Јас сум длабоко убедена дека тоа во иднина ќе се реализира“, изјави градоначалничката на Битола.