Исклучената Александрова за „Независен“: Добивме поддршка од ЕПП

И пратеничката Емилија Александрова во Хелсинки се сретна со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и европратеникот Дејвид Мекалистер. Александрова за „Независен весник“, вели дека на средбите се разговарало за важноста и перспективата на Македонија кон Европската Унија, во таа насока од нивна страна и било укажано дека ќе имаат поддршка пратениците кои се залагааат за влез на Македонија во Европската унија и за членство во НАТО. (В.М.Л.)