Извлечено возилото што попладнево излета во водите на Вардар

Извлечено е возилото што попладнево пловеше во водите на реката Вардар, потврдија од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Звонко Томевски изјави дека возилото е извлечено со интервенција на пет пожарникари и две пожарникарски возила.

возило Вардар два

Интервенцијата траела околу еден час.

Како што дознава порталот „Сакам да кажам“, автомобилот бил во сопственост на позната актерка Весна Петрушевска, која во тој момент била на проба во МНТ.

„Јас сум шофер од 17 години, уредно ја изгасив колата ја заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба. Нема шанси колата сама да тргнала и да падне во Вардар“ вели Петрушевска за „Сакам да кажам“.