Избрани претседатели на Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ

На редовниот состанок на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа на ден 23.04.2018, покрај разговорите за состојбите во државата беа разгледувани и донесени и кадровски одлуки и беа финализирани постапките за избор на повеќе претседатели на Општински Комитет ширум Македонија.

За претседатели на Општински Комитети се избрани:

Куманово – Бране Петрушевски;

Сопиште – Јане Мицевски;

Гостивар – Лоран Сарашевски;

Чучер Сандево – Зоран Бајовски;

Велес – Игор Здравковски;

Чаир – Ѓоко Велковски;

Кичево – Ѓорѓија Сајкоски;

Кавадарци – Зоран Јованчев;

Неготино – Златко Пенков;

Валандово – Дејан Бошков;

Босилово – Тони Граждабнлиев;

Василево – Живко Атанасов;

Ново Село – Николче Стоилков;

Гевгелија – Андон Сарамандов;

Богданци – Кристијан Тодоров.