Изборно собрание на ЛДП. Милевски чека реизбор

Либерално – демократската партија денеска ќе го одржи седмото изборно Собрание, на кое членовите на партијата ќе гласаат за претседател и за генерален секретар на партијата.

За функцијата претседател номинирани се тројца кандидати: досегашниот лидер Горан Милевски, пратеничката Никица Корубин и Мирко Спирковски, член на Централниот одбор на партијата.

За генерален секретар на владејачката ЛДП кандидиран е Боби Мојсоски, член на Централниот одбор на партијата.

На свечениот дел ќе се обратат претставници од Алијансата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ), од сестринските партии и од Либералната интернационала. Во овој дел свое обраќање ќе има и актуелниот претседател на ЛДП Горан Милевски.