Избегал и Војминовски, осуден за нападот врз Села?

Осудениот Никола Војминовски на 13 години затвор за нападот над пратеникот Зијадин Села не бил пронајден дома, по рутинската контрола на полицијата, јавува Алсат.

Иако осуден првостепено, нему му беше одреден куќен притвор до правосилност на пресудата. Инаку по овој предмет одлучува Апелацискиот суд по жалби на обвинетите. Кривичниот суд денеска ниту ја демантира, ниту ја потврдува информацијата дека осудениот Војминовски избегал. Го проверувале случајот, па најавија официјално известување.

Инаку, Никола Војминовски сведочеше и за големиот случај за 27 април каде во својот исказ посочи дека слушнал како еднодневниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, со некого зборувал дека единствен излез за ситуацијата пред две години било да се отворат собраниските врати.