Идентификувани две лица од загинатите во несреќата кај Лесковац

Три лица го загубија животот во несреќата што се случи кај Лесковац, кога струшки автобус се преврте. В.Ш. маж на возраст од 68 години од село Бучин од Крушево и кочанчанка со иницјали К.К. на иста возраст се двете лица кои загинаа во несреќата.

Според информациите на МНР, идентитетот на жртвите е утврден од личните документи кои се пронајдени кај нив. засега, нема потврда за идентитетот на треатат жртва, женско лице, бидејќи не се пронајдени личните документи.

Автобусот со македонски регистарски таблички што излета од автопатот кај Лесковац ноќеска во 01:45 часот, е на струшката компанија „Еуробус“. Тргнал синоќа во 19 часот од Битола и сообраќал на редовната линија за Виена.
Сопственикот на „Еуробус“, Џитан Истрефи, вели дека автобусот, произведен во 2006 година, редовно ги поминувал техничките прегледи.

– Испративме друг автобус и наши вработени на местото на несреќата за да ја видат состојбата и да се преземе се што е потребно. Нашите автобуси редовно се сервисираат, кај нас нема грешки, изјави Истрефи, не изнесувајќи други детали за несреќата.

Според досега објавените информации, во несреќата загинале две жени и еден маж, а се повредени 32 лица.

Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите патници, – 23, се со полесни повреди.