Зорица Заева манекенка за помош на лица со Даунов синдром

Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, во недела ( 3 декември) ќе биде дел од модната ревија во Струмица во клубот “Индустријал“. Појавувањето на Заева на модната писта е во знак на поддршка на лицата со ретки болести, настан што секој декември го организира здружението “Вера“. Модната ревија е од  16 часот и годинава е под мотото “Убави сме, свои сме“.

Моделите ќе носат облека од бутиците во Струмица.Влезот е 50 денари, а собраните средства се наменети за здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром, “Вера“ од Струмица“.

“Од сѐ срце прифатив да чекорам по модната писта заедно со децата со цел да се подигне јавната свест за лицата со ретки состојби. Сите ние мора да се вклучиме во интеграцијата на овие лица во општеството и да се бориме за нивно прифаќање. Моја поддршка за сите нив и апел за прифаќање на различностите“, изјави Заева за „Фокус“.