Зоран Заев за ДВ: „Нема да дозволам отстапки од зацртаниот пат“

Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле вели дека ќе направи се за да покаже дека нема нерешливи прашања.
-Во однос на моите соработници со кои заедно сме се впуштиле во овој наш голем потфат – да ги исполниме очекувањата на граѓаните и заедно да создадеме држава и општество достојни за сите граѓани, не ми останува друго освен да опстојам на уверувањето дека сите се подготвени за тој пат. Дека уште во стартот им е јасно што не очекува, и дека им е јасно дека треба да исполниме стандарди и критериуми кои ние ги баравме од нашиот опонент, заедно со граѓаните на нашата земја. На овој пат инсистирав да ми се придружат оние со желба, одлучност и талент, оние кои се убедени и кои ме убедија дека можат да остварат најдобри можни резултати за граѓаните, за јавниот интерес, за општеството. Јас нема да дозволам отстапки од зацртаното и ќе барам исполнување на заеднички договорените обврски. Верувам дека сите мои соработници во владата и сопатници на овој пат, ќе дадат се од себе, својот најголем потенцијал, вели Заев.
Ќе направам сѐ за да покажам дека нема нерешливи прашања. Дека има стотици креативни начини. Верувам дека сите мои соработници и сопатници на овој пат ќе го дадат својот најголем потенцијал, вели премиерот Зоран Заев.