Зградата на ВМРО ДПМНЕ обоена по протестите

По синоќешниот протест против промена на името, фрлено е со црвена боја врз зградата на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, а партијата обвини дека штабот е нападнат и каменуван.

Од опозициската партија се сомневаат дека одговорност за нападот имаат структури блиски до власта кои дејствувале по принципот на шарената револуција, со цел, како што се вели во партиското соопштение, да го втурнат ВМРО ДПМНЕ во насилство за полесно да се делегитимира борбата против договорот за името.