За претседател ќе гласаме на 21 април и на 5 мај

Парламентарниот спикер, Талат Џафери ќе ги распише претседателските избори на 8 февруари. За претседател на државата ќе гласаме на 21 април и на 5 мај, имајќи предвид дека се очекуваат два изборни круга. Мандатот на Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај.

Доколку не биде постигнат цензус во вториот круг на 5 мај, односно на гласање на излезат 40 проценти (околу 720.000 граѓани) од запишаните избирачи, изборите ќе пропаднат. Во рок од два месеци може да се распишат нови, а за тоа време со државата ќе раководи претседателот на Собранието.

Досега, ниту една партија не официјализира свој кандидат за претседател.