За поголема меѓународна улога, Германија ќе ги зголеми расходите за одбрана


Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен изјави денеска дека државата ќе вложува се повеќе во армијата и во ОН и повика и други држави да не се откажуваат од мултилатерализмот.

Нејзината изјава доаѓа неколку дена откако американскиот министер за одбрана Џејмс Матис го повтори барањето на американскиот претседател Доналд Трамп европските држави да трошат повеќе на своите армии.

Во говорот на Минхенската конференција за безбедност, германската министерка нагласи дека Германија се подготвува да игра поголема меѓународна улога, така што ќе ги зголеми трошоците за армијата и улогата во ОН. Истовремено, таа побара од ОН да се држат до мултилатералниот пат.

– Загрижени сме кога гледаме дека некои партнери прекинуваат со издвојување пари за дипломатија, развој на соработка и за ОН, нагласи таа