За кабинетот на Иванов аболицијата е шпекулација

Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов не сакаат да ги коментираат информациите  што кружат во јавноста дека првиот човек на државата се подготвува да ги аболира притворените пратеници на ВМРО- ДПМНЕ.
„Ни досега ни сега нема да коментираме шпекулации“, порачаа кратко од оваа институција.
Околу евентуалната аболиција или амнестија на одговорните за настаните на 27 април се огласи и невладината организација „Цивил“, центар за слобода. Според „Цивил“ ваквата постапка на Иванов би била уште една груба и дрска провокација за јавноста и тежок удар врз темелите на демократијата и владеењето на правото.

Во случај наводите за можна аболиција на обвинетите да се вистинити, „Цивил“ ќе ги повтори барањата за оставка на Иванов од функцијата претседател.