За време на празниците 29 сообраќајки во Скопје, едно лице загинало
Од СВР Скопје информираат дека за време на празниците сообраќајната полиција санкционирала 61 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 15 возачи поминале на крстосница на црвено светло, 12 возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 12 возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, четворица возачи за не носење појас и 12 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.
Од сообраќај биле исклучени вкупно 26 возачи, од кои седум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 19 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 44 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 16 возила.