Почина Борче Проданов – собираше донации за лекување

Почина Борче Проданов (22), чие семејство подолго време собираше донации за да можат да го пратат синот на лекување надвор од Македонија, со надеж дека тие третмани ќе му ја подобрат состојбата.

Во последно време, болеста на Борче многу напреднала и тој не го дочека лекувањето.

„Борче Проданов има 22 години и боледува од dystrophio muscularum progressiva. т.е изумирање на клетките на мускулите.
Поради опасноста од премин на болеста во напредна фаза потребно е да се продолжи со лекување во странство кое чини 25.000 евра, сума која семејството без нашата хуманост не може да ја обезбеди“, е апелот што кружеше по социјалните мрежи.

За Борче од поддамна се собираа пари на донациски броеви.

Нека почива во мир!