Законот за аудиовизуелни услуги оди на уште едно читање во ЕК

Предлог-текстот на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, пред да влезе во владина процедура, ќе оди на уште едно разгледување во Европската комисија на барање на ЕК.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека роковите не се пробиваат и оти по неговото враќање и евентуалните препораки, предлог-законот ќе биде ставен на владина седница.

– Најавено беше дека Предлог-законот ќе биде на дневен ред на вчерашната владина седница, но на барање на Европската комисија сакаат да има уште едно читање на Предлог-законското решение. Владата одлучи дека тоа е сосема во ред. Не ги пробиваме роковите. По добивањето на евентуалните препораки законот набрзо ќе биде ставен на владина седница, истакна Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.