Заев: Ќе си дадам оставка ако не успее референдумот, но сигурен сум дека ќе успее

Да, ќе заминам ако не успее референдумот во Македонија, но толку сум сигурен дека тој ќе успее. Очекувам сериозни проценти 75-85 насто, согласно колкави се процентите на граѓани кои се изјасниле дека се за ЕУ и  НАТО. Вака премиерот Заев одговори на прашања од граѓани до 1ТВ  за тоа дали ќе си поднесе оставка ако не успее референдумот за името.

-Граѓаните немаат што да бираат, немаат друга алтернатива. Тие само треба да потврдат дека сакаат Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО – рече Заев.

Премиерот рече дека сеуште не размислувале за референдумското прашање, но тоа ќе биде поврзано со ЕУ и НАТО и секако со одлуката за името.