Заев утре на официјални средби во Србија

Премиерот Зоран Заев утре ќе отпатува во во прва официјална посета на Србија . Во текот на посетата, која ќе трае два дена, премиерот ќе се сретне со премиерката Ана Брнабиќ , а потоа ќе има состанок во поширок состав меѓу делегаците на двете земји .

Како што јавуваат српските медиуми , Заев ќе се сретне и со претседателот Александар Вучиќ , како и со претставници на организацијата на Македонците во Србија .