Заев си ги седна коалициските партнери во Влада

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, сите коалициски партнери од коалицијата „За живот во Македонија“ ги седна во Влада на последниот работен ден од годинава. Ваквите средби вообичаено се прават за да се осигура лојалноста и посветеноста на коалиционите партнери и нивната подготвеност да ги поддржат владините политики.

Според владиното соопштение кое е едно од најсиромашните со информации прикажана е само перспективата на Заев, односно дека премиерот разговарал за важните на сите реформи кои новата владата мора да ги спроведе за подобра иднина на земјава како за домашнте услови кои мора да се подобрат, така и за исполнување на меѓународни услови за влез во НАТО и ЕУ.

„Создадовме околности кои целосно го променија демократскиот амбиент во земјата, за што пристигнаа признанија и од народот со исходот на локалните избори, како и од меѓународната заедница, особено од нашите стратешки партнери во ЕУ, НАТО, и од САД, и овие промени навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки за државата. Во таа смисла е многу значајно взаемното охрабрување и поддршка на сите партнери во коалицијата во сите области, и посебно во остварувањето на концептот едно општество за сите“, истакна Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

На средбата видливо е дека присуствувале политичари како Тито Петкоски од НСДП, Лилјана Попоска од ДОМ, екс министерот Оровчанец, Самка Ибраимоска и Неждет Мустава од ромските партии, Павле Трајанов од либералите, Синиша Малетиќ од Српската радикална странка во Македонија и од другите партии кои партипицираат во коалиција со СДСМ.

На оваа, предновогодишна средба, премиерот Заев ги запозна коалиционите партнери со главните точки и остварувања на владата, и нагласи дека тие се постигнати врз основа на принципите договорени со коалицијата.

Во текот на разговорот, премиерот Заев се задржа на повеќе прашања од интерес за граѓаните на земјата, како и теми од заеднички договорените политики, кои во изминатите 7 месеци се преточија во конкретни мерки и законски решенија од спроведувањето на програмата на владата.

Беше нагласено дека насоките се утврдени, и дека паралелно со она што се очекува на планот за европските и евро-атлантските аспирации, ќе се динамизираат и процесите во спроведувањето на реформите и реализацијата на Планот за економски раст, велат од Владата.

Коалицијата на СДСМ во Собранието се одржува на стабилни нозе и има вкупно 49 пратеници, со тоа што коалицијата со ДУИ за продолжување на парламентарното мнозинство потребно е да добие поддршка од барем 2 нови пратеника кои ќе ги пополнат местата на пратениците на алијанса за Албанците кои најавија дека ќе ја напуштат владата, а подоцна и коалцијата штом се изгласа законот за употреба на албанскиот јазик.