Заев праша: дали Груевски избегал или бил киднапиран

Премиерот Зоран Заев денеска отвори дилема дали поранешниот премиер Никола Груевски по сопствена волја заминал од земјава или бил киднапиран?
-Дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран? Јавно го поставувам ова прашање, рече Заев на денешната заедничка прес-конференција со министерот за финансии Драган Тевдовски околу проекциите за буџетот за 2019 година.
Заев рече дека македонските власти ќе направат сѐ за Груевски да се врати да ја издржува во Македонија затвотрската казна за случајот „Тенк“.