Заев: По случајот Нешковски зарем некој би си дозволил да прикрие убиство

Сите извлековме поуки од минатите години, од самостојноста на државата и редно е да се унапредува ова наше заедничко општество како одговорност на власта, на опозицијата и на сите етникуми во државата. Мора да внимаваме сите, случаите се водат транспарентно, а опозицијата е гласна таму каде што мисли дека има слабости. и тие да се коригираат. Владата знае да се повлече кога треба. Само ваквите процеси ќе ја позиционираат Македонија и во безбедна и во надежна држава, тоа што го очекуват граѓаните од нас.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев на седницата на која се поставуваат пратенички прашања.

– Зарем некој сака по поуките со Мартин Нешковски да прикрива убиство во државата. Зарем некој би си дозволил ваква работа. Денеска има обвинение за убиство со умисла и апсолутно се носат одлуки за пример и по ваквите случаи. Влијае и нашата дебата, како и ние се однесуваме и дали се трудиме од вакви чувствителни случаи да добиеме политички поени или не и какви пораки испраќаме. Влијае и запалување свеќа од политичар при вакви случаи, рече Заев одговарајќи на партеничко прашање од Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ за јавната безбедност.

Заев рече дека најголем дел од раководните структури во МВР не се променети зошто се професионалци. Таму, како што рече, има 427 раководители на сектори, одделенија и сметаме на нивните капацитети.

Премиерот потсети дека се спроведоа повеќе акции за да гарнтираат поголема јавна безбедност и додаде оти има сериозни резултати кои се видливи.