Заев: Одлуката на референдумот ќе биде задолжителна

Премиерот Зоран Заев вечерва во гостувањето на Канал 5 рече дека резултатот на референдумот за договорот со Грција ќе биде задолжителен без оглед дали истиот ќе биде консултативен или обврзувачки. Заев истакна дека ако граѓаните на референдум го одобрат договорот тогаш ќе се премине на ревизијата на уставот, во спротивно како што кажа ако граѓаните го одбијат договорот тогаш тој нема да важи.