Заев нема да присуствува на отворањето на делницата од автопатот во Бугарија

Владината делагација предводена од премиерот Зоран Заев утре нема да биде во можност да присуствува на настанот за отворање на делница од автопатот во Република Бугарија.

Причина за тоа, како што информираат од Владата, е ненадејната загуба на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојановски, комеморацијата и погребната церемонија, која е предвидена да се одржи во утре.