Заев и Ципрас разговарале еден час, денес ќе се слушнат повторно

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас го реализирале денеска конечно телефонскиот разговор што го најавија како своевидна завршница на договорот за името. Како што дознава „Независен весник“, Заев и Ципрас се слушнале во 14 часот и разговарале околу еден час.

Детали од комуникацијата не се познати засега. Единствено се дознава дека разговорот поминал во позитивна атмосфера. Исто така, се најавува дека двајцата премиери утре ќе се слушнат повторно за да ги предолжат разговорите. Во секој момент, се очекува со соопштение да се огласат владите на двете земји.
Денешниот телефонски разговор Заев – Ципрас, попладнето го најави грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас, по вонредната средба што ја имаше со грчкиот премиер.