Заев им ја гарантира сигурноста на пратениците кои гласаа „за“во Собрание

Институциите постапуваат според законот. Обезбедена е гаранција за пратениците од опозицијата, за нивните семејства, брзо да реагираат на секоја закана, рече премиерот Зоран Заев по информациите дека пратениците од опозицијата кои гласаа „за“ се на удар од нивните сопартијци.

Заев посебно им честиташе на сите пратеници кои гласаа „за“, на како што рече „храбрите пратеници кои гласаа „за“ и ги ставија интересите на државата над партиските интереси, и покрај непотребниот политички притисок од страна на нивното партиско раководство“.

-Граѓаните треба да се горди што имаат вакво Собрание кое со двотретинско мнозинство одлучи Македоија да пристапи кон двете најмоќни организации, рече Заев, додавајќи дека пристапувањето во НАТО ќе продолжи со зголемен интензитет следната година.

Во однос на пратениците кои се обвинети во судските процеси, Заев рече дека судските инстанци ќе продолжат со процесите и дека нема намера да се меша во работата на судот.

-За мене сите пратеници се невини додека не се докаже спротивното, рече Заев.