Заев во 18.30 ќе објави што договорил со Ципрас


Премиерот Зоран Заев, заедно со сите членови на неговиот кабинет, ќе ѝ се обрати на јавноста во 18.30 за да информира за договорот околу надминување на спорот со името.

Прес-конференцијата во Владата е закажана по денешниот телефонски разговор Заев – Ципрас, од кој се очекуваше премиерите на Македонија и на Грција да го заокружат договорот за решавање на долгогодишниот проблем за името.