Заев во петок на средба со Столтенберг

Премиерот Зоран Заев во петок наутро ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најави тој од семинарот Рос Рот што се одржува во Собрание.
По средбата предвидена е заедничка прес конференција на која тој очекува дека ќе биде објавено дека Македонија ќе добие покана за полноправно членство во НАТО на самитот.
Заев рече дека очекува сите земји членки на НАТО да го ратификуваат договорот за членство на Македонија.