Заев во Брисел на средба со Туск

Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе учествува на Форумот Кран Монтана во Брисел, но, според дипломатски извори, тој ќе се сретне и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Средбата треба да се одржи во два часот попладне, непосредно пред почетокот на состанокот на Европскиот совет.

Посетата на Заев на Брисел следува по завчерашната одлука на Советот на ЕУ, Македонија да почне преговори за членство во јуни 2019.