Заев:СДСМ ќе решава за претседателски кандидат по уставните измени

За владејачкиот СДСМ е моментно под мраз темата претседателски избори. За тоа кој ќе биде кандидатот за шеф на државата и дали на изборите ќе има коалиција со ДУИ партијата ќе одлучува откако ќе заврши процесот на уставни измени, што би значело кон крајот на јануари. Ова го потврдува партискиот лидер и премиер Зоран Заев.

Во изјава за “Независен весник” околу можноста токму тој да биде претседателски кандидат, Заев вели дека за престојните избори ќе се носат одлуки по донесувањето на уставните измени.

“Нема да ја отвораме темата, ниту, пак, нешто ќе разговараме за тоа во политичките кругови пред одлуката на парламентот за уставните измени”, вели Заев. Шестите претседателски избори во Македонија се очекува да бидат распишани во почетокот на февруари, кога ќе почнат да течат и роковите за спроведување на изборните дејствија, а 90 дена пред истекот на вториот мандат на Ѓорге Иванов-во почетокот на мај. (A.M.M.)