Заврши протестот на ВМРО ДПМНЕ

Заврши протестот на опозициската ВМРО ДПМНЕ пред Министерството за правда кој траеше само 30 минути. Меѓу стотината присутни беа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и пратениците Антонио Милошовски и Владимир Ѓорчевм, како и ексминистерот за земјоделство, Љупчо Димовски, кој е еден од пратениците за кои се бара одземање на пратеничкиот имунитет.

Тие го изразија своето незадоволство од одлуките на судот.

Антонио Милошоски истакна дека биле обвинувани за режим, но, како што рече, сега гледаме што е режим.
„Денеска Владо Јовановски е новиот Ристо Шишков. Единствена вина што е во затвор е што ја пеел химната“, истакна Милошоски.

Владимир Ѓорчев повика на нови протести утре пред Кривичниот суд во 18 часот кога треба да бидат соопштени одлуките по повод жалбите.