Заврши гласањето: Христијан Мицкоски нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски на денешниот 16. вонреден конгрес е избран за нов лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја доби довербата на делегатите со огромно мнозинство.

Од 438 пријавени делегати на конгресот, 376 гласале за изборот на Мицкоски, додека 52 ливчиња се неважечки.

Претходно денеска, како што пренесе „Независен весник“, Никола Груевски на конгресот во Валандово беше прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и му беше доделена плакета за благодарност за неговата работа во партијата.