Жбогар: Името треба да се реши во наредните пет месеци

Прашањето за името треба да се реши во наредните пет месеци за земјава да може да продолжи со евроатлантските интеграции, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар во заедничко интервју за неколку медиуми.

„Следната година се отвара навистина сериозна можност за тоа. Не знаеме дали ќе има подобар можност во иднина за земјата да го фати возот кој е веќе тргнат и се движи напред во натамошните настани на проширување на ЕУ“ – рече тој.

„Гледаме добра воља од двете страни за подобрување на атмосферата и атмосферата се подобрува. Тоа ќе олесни решавањето на ова прашање. Владата изгледа фокусирана. Нема гаранции дека ќе има успех, но доколку не се проба, не може ниту да се знае дали ќе се успее “. – заклучи Жбогар.

Тој вели дека не е на Брисел да го реши името.