ЕУ за „Независен“: Да не се политизира бегството на Груевски

Во врска со бегството на Никола Груевски за „Независен весник“ реагираа од Европската унија.

-Свесни сме за ситуацијата во врска со Никола Груевски. Европската комисија не ги коментира тековните судски постапки.

Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, и за земјите-членки и за земјите-кандидатки. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејствуваат строго во согласност со релевантните правила, соопштија од Европската комисија во Брисел, додавајќи дека „ова е судска постапка која не смее да се политизира“.