ЕЛЕМ ќе донира за прочистувачи на воздух во градинките во Тетово

Тетово – Заменик генералниот директор на ЕЛЕМ Фатмир Лимани ја посети денеска градинката „Младост“ во Тетово и се сретна со директорката Рамије Даути за да ја информира околу одлуката на компанијата за донирање средства за набавка на прочистувачи на воздух.

За овој проект за набавка за прочистувачи на воздух за повеќе детски установи низ градовите во државата ЕЛЕМ, со буџетот за следната година, определиле вкупно 2,5 милиони денари или околу 40 илјади евра.

-Загаденоста на воздухот станува еден од поголемите проблеми, така што решивме средствата што ги доделуваме секоја година в година да ги насочиме за набавка на прочистувачи на воздух за детските градинки во Новаци, Битола, Кичево, Скопје и Тетово. За детските градинки во Тетово одвоени се 250 илјади денари или 4.000 евра со кои ќе се овозможи прочистен воздух за осум училиници и занимални каде децата претстојуваат најмногу. Тендерската постапка ќе ја распишат самите установи, а ние ќе ги покриеме финасиските трошоци за набавка на прочистувачите на воздух, изјави Лимани.

Директорката на тетовските детски градинки се заблагодари за донацијата и најави дека ќе ги завршат што е можно побрзо административните процедури за распишување на тендерот за набавка на прочистувачите на воздух.