ЕК: Почнуваат подготовките за преговори со Македонија и Албанија

– Европската Комисија ја информираше јавноста дека по вчерашните заклучоци на министрите за надворешни работи на ЕУ за условен старт на преговори со Македонија и Албанија, ќе започнат подговотовките за тие преговори.

– ЕК сега ја зпочнува работата на подготовки, како што стои во заклучоците на Советот и ќе продолжи да поддржува опипливи и одржливи резултати, особено во областа на судството, борбата против корупција и јавната админстрација, кои имаат голем импакт врз секојдневниот живот на граѓаните, рече портпаролот на Европската Комисија, Маргаритис Шинас.

Според вчерашната одлука на Советот на ЕУ, со исполнување на поставените услови Македонија и Албанија ќе можат да почнат преговори за членство во јуни 2019 година.