Ексминистерот Димовски осомничен во „Продуцент“

„Продуцент“, четвртата истрага што ја отвора СЈО, се однесува на поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој во ноември 2009 година, без јавна набавка, склучил договор со продуцентската куќа „Смарт центар“ ДООЕЛ Скопје за снимање емисија во вредност од 50 илјади евра.

Емисијата се емитувала на телевизија Сител, под наслов „Бојата на парите“.

Министерството закулило простор за емитување на програмски пакет изработен од продуцент. Ваквиот договор е склучен без постапка за јавна набавка, иако може да се нарача ваков пакет без јавна набавка само од радио или телевизиска куќа што не е случај со наведеното правно лице.

Поранешниот министер за земјоделство се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.