До крајот на месецов ќе се знае кој ќе биде министер за здравство

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште не е одлучено кој ќе биде министер за здравство, но очекува решението да биде донесено до крајот на месецов.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за поддршка на млади земјоделци во МЗШВ, Заев истакна дека денеска повторно имал средба со коалициските партнери, а вчера разговарал и со Зијадин Села и Али Ахмети.

– Се работи за многу сериозен ресор. Реков дека до крајот на месецот ќе гледаме да ги донесеме одлуките. Десет дена откако се официјално прогласени изборите за завршени, интензивно преговараме. Секој момент го користам, час поскоро или ден поскоро да го избереме и ова министерско место и да го пополнме испразнетото министерско место за странски инвестиции, како и заменик министерот кој стана градоначалник на Чаир.