Докторатот на Груевски на 313 страници, го пријавил додека бил премиер

На 313 страници, според информации на „Независен весник“, го напишал поранешниот премиер Никола Груевски својот докторски труд, што треба да го брани на 6 јули. Како што дознаваме, Груевски го пријавил докторатот пред четири-пет години, што значи додека бил сѐ уште на премиерската функција, а кога неговиот ментор, професорот Михаил Петковски, му беше советник по економија во кабинетот.

Во соопштението објавено од Економскиот факултет во Скопје стои дека експремиерот Груевски својот докторат со наслов „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“ ќе го брани на 6 јули во 12 часот.

Комисијата професори во состав: Методија Несторовски, Михаил Петковски, Владимир Филиповски, Љубе Трпески и Живко Атанасовски дала позитивно мислење за докторатот на Груевски.