Договорот со Грција ќе го чека референдумот

Спикерот Талат Џафери објави денеска дека ќе почека да помине референдумот пред да го испрати во Службен весник Законот за ратификација на договорот со Грција.

Со оглед на тоа што Собранието донесе одлука за референдум, рече Џафери, логично е да го почекаме исходот од референдумот.

Договорот со Грција е составен дел од референдумското прашање за 30 септември. Претседателот Ѓорге Иванов двапати не го потпиша указот за негово стапување во сила по ратификациите во парламентот.