Договорот за името со европско знаме, ќе се разгледува кај Груби наместо кај Милошоски

Договорот за името ќе оди на ратификација во парламентот со европско знаменце, што значи дека ќе има одредени ограничувања на времетраењето на дискусијата., соопштија за „Независен весник“ владини извори.

Бидејќи договорот е означен како битен за интегрирањето во ЕУ, наместо преку Комисијата за надворешна политика, со која претседава Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се разгледува во Комисијата за европски прашања, кадешто претседава Артан Груби од ДУИ.

За закони со европско знаме, расправата во матичната комисија може да трае максимум три дена, по што договорот  со евентуално поднесените амандмани би се нашол на пленарна седница.

Владата утрово го усвои договорот за името со Грција и соопшти дека веднаш ќе го испрати на ратификација во парламентот. Најавите од денешната координација во собранието, пак, се дека спикерот Талат Џафери веднаш ќе закаже седница, ако не утре,тогаш најдоцна задутре.

(А.М.М.)