Димовски не оди во Валандово: „На ВМРО-ДПМНЕ и е потребен нов концепт"

Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ, преку својот ФБ- профил, ги извести делегатите дека нема да присуствува на конгресот во Валандово.
Според него, раководството и партиските органи не создале услови за демократски конгрес. Овој Конгрес, наведува Димовски, го нема легитимитетот на големото членство на ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски нагласи дека на опозициската партија и е потребен нов концепт на транспарентност и демократичност и признавање на некои грешки од изменатите години.