Димитров: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, но на крајот ќе нѐ биде!

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, објави синоќа на Твитер шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, откако Собранието усвои одлука за пристапување кон уставни измени.

– Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот. Секој чекор е и ќе биде голем предизвик. За сите нас. Но Македонија реши да застане на нозе, да исправи глава и да тргне напред. На крајот, ЌЕ НЕ БИДЕ! И кога ќе погледнеме назад, ќе се гордееме, објави Димитров на Твитер.