Ден на жалост во Велес

Велес е денеска во црно поради трагедијата која го снајде петчленото семејство во велешкиот рид Вршник каде загинаа три од нивните дечиња. На вонредна седница Советот на Општина Велес вчера донесе две одлуки.

Со првата одлука 22 јуни се прогласува за Ден на жалост во Општината, со што се откажуваат сите културни и спортски манифестации, додека угостителските објекти се обврзани да емитуваат сериозна музика.

Советниците одлучија на семејството Давчевски да му исплати и еднократна парична помош во висна од 100 илјади денари како и да се платат гробни места за трите деца во висна од 13,5 илјади денари, а заедно со Центарот за социјални грижи да се организира нивниот погреб.