Денес хуманитарна акција „Дарувај од срце“

Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвен Крст на Македонија денеска ќе ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“.

Целта на акцијата е да се обезбеди топла облека, обувки, покривки… на социјално загрозените семејства и наши сограѓани на кои им е тоа најпотребно во овие зимски денови.Акцијата истовремено ќе се одвива во сите градови на  Македонија во организација на општинските форуми на жени.

Собирното место во Скопје ќе биде во паркот Жена борец во 12 часот. Форумот на жени на СДСМ ги повикува сите граѓани кои се во можност да ја поддржат хуманитарната акција.