Денес почнува судењето за предметот „Триста“

Денеска ќе се одржи првото судско рочиште за предметот „Триста” на Специјалното јавно обвинителство. Станува збор за обвинение кое се однесува на набавка на 300 возила за потребите на МВР, односно за оштетување на државниот буџет за 453.570 евра, а за што е обвинет Ѓоко Поповски, помошник-министер во Министерството за внатрешни работи.

Снимките од прислушуваните разговори се прифатени како докази и за овој случај на СЈО.