Денеска ќе му се суди на Владимир Талески за „Транспортер“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинет е поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески. Покрај него, обвинети се уште 20 други лица.

Во обвинението, кое го застапува СЈО, се наведени докази за незаконски организиран автобуски превоз за ученици во времето додека Талески беше градоначалник. Тој се сомничи дека притоа биле злоупотребени 360.000 евра пари од општинската каса.