Денеска се очекува снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и снег и со умерен дo засилен северозападен ветер. Во северозападните и западните делови на земјава ќе има врнежи од снег. Се очекува да се формира снежна покривка. Дневните температури во текот на денот ќе опаѓаат, поради спуштање на постуден воздух од до север.

Дневната температура ќе се движи од нула до десет степени.  Во Скопје температурата ќе се движи од еден до пет степени.

До вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има денеска и во вторник. На планините и повисоките места ќе има врнежи само од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка. На пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.