Денеска е светски ден на предвреме родените деца

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство денеска ќе го одбележи 17 ноември, светски ден на предвреме родените деца.

По тој повод, вечерва ќе се одржи Свечена академија.

Клиниката информира дека целта е да се подигне јавната свест на сите чинители во општеството за децата кои се раѓаат пред утврдениот термин.