Дедо Мраз ќе пристигне со воен хеликоптер

Во касарната „Страшо Пинџур“ утре ќе биде реализирана традиционалната предновогодишна активност „Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер“, што е организирана од страна на воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија.

На церемонијата Дедо Мраз ќе подели новогодишни пакетчиња на децата од загинатите и починати припадници на воздухопловната бригада, како и на деца на припадници од бригадата и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.